– Денес ми е роденден. Не те славам. Не ми се пие и пее. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината. Како ноти што никогаш не добиваат рефрен, напиша денеска Никола Перевски Пере , од „Нокаут“ на социјалните мрежи, по повод својот роденден.
Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.
Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.
Некои си отидоа
пеејки.
Други со рацете на жиците.
Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.