Наташа Беквалац ќе мине низ пекол

Во изминатите пет дена целата балканска јаност се запозна со случајот на семејно насилство во домот на поп ѕвездата Наташа Беквалац, а овој инцидент доби потполно нова димензија откако Лука Лазукиќ го даде првото интервју по случајот во кое демантира дека ја претепал својата сопруга и покрај тоа што се објавени потресни фотографии на кои може да се види лицето и телото на пејачката. Беквалац помина со модринки по целото тело, потсекотина на лицето и отоци.

Друштвените Интернет мрежи како и секогаш почнаа со поделба на коментарите. Повеќето секако ја поддржуваат поп ѕвездата и го осудуваат насилството кое го преживеала, но има и такви кои сметаат дека Беквалац лажела, а модринките и се од антицелулитна масажа.

Скандалозни се коментарите дека пејачката „ОВА ГО ЗАСЛУЖИЛА“. Најверојатно и оттаму поразителната статистика за бројот на жени жртви на семејно насилство и оние кои истото не го пријавуваат до надлежните органи.

„Не ги читав коментарите, но страшно е што луѓето пишуваат дека заслужила тупаници бидејќи никој не заслужува такво нешто. Јас сум голем противник на насилството, но тоа е доказ колку е примитивен народот кој живее на овие простори, народ кој оправдува насилство и ги поддржува мажите кои тврдат дека жените измислуваат дека се жртви.“ – ова е мислењето на Катарина Остоиќ Каја, колешка на Наташа Беквалац. Инаку Каја, и самата била жртва на семејно насилство од партнерот во минатото.

Таа додава дека во природата на луѓето од ова поднебје е „да додаваат сол на отворена рана кај луѓето кои имаат проблеми и на тој начин им оттежнува, наместо да пружат поддршка“. „Да, Беквалац ќе мине низ пекол додека не падне прашината околу ова.“ Нејзината колешка Каја се сети на сопствениот случај од минатото и потврди дека во целост може да ја разбере Наташа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e