Беквалац цело време лажела?! Модринките и се од антицелулитна масажа

Лука Лазукиќ сопругот на поп ѕвездата Наташа Беквалац кој пред само неколку дена дивјачки беше претепана од својот сопруг ќе се соочи со кривична пријава. Тој во интервјуто за српскиот медиум „Блиц“ изјави нешта кои ја шокираа не само српската туку и пошироката балканска јавност.
„Наташа сама си ги нанела повредите на лицето, а модринките на телото и биле од антицелулитните масажи.“ – оваа шокантна одбрана ја изнесе Лука. Во интервјуто вели дека ја кажува вистината иако нема никакви докази туку само зборови дека тоа е вистината за нивниот семеен случај.
Според него утрото кога тој излегол од станот Беквалац немала модринки на телото и потсекотина на лицето кои подоцна во денот и се утврдени на Ургентниот центар во Белград. ИТ стручњакот во интервјуто непобитно тврди, но без докази, дека модринките по телото на пејачката и негова сопруга се од антицелулитните масажи или дека истите и ги нанела некоја трета, за него непозната личност, а не тој како нејзин сопруг или дури дека таа самата си ги нанела.
Очигледно добро подготвен Лука Лазукиќ во интервјуто за „Блиц“ повеќе пати нагласувал дека „не ја претепал својата сопруга“, а дека доказите за тоа ќе ги предаде на судските органи кога тоа ќе биде потребно.
Иако фотографиите на кои се гледаат повредите на лицето и телото на русокосата пејачка го говорат своето, нејзиниот сопруг вели дека „само ја оттурнал од себе“. Тој дури наведува дека бил повреден од сопругата кога таа го нападнала, но повредите од непознати причини не сака да ги покаже.

„Не сум виновен, секако дека ќе се борам за вистината, не само за мојата туку за секоја вистина коај им припаѓа на мажите. Судот нека одлучи.“ – вели Лука во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e