Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно го критикуваше Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.
„Тажно е да се гледа дека нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на Икс, додавајќи емотикон со срце и ЛГБТК знаме.
„Не се откажувајте од борбата“, напиша таа подолу.
Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна дебата меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.