За семејството Живојиновиќ 2025 година започна на најубав можен начин, а сега сите со нетрпение го очекуваат новороденчето кое треба да се роди кон крајот на летото, пишува Нова.рс.
Александра и Филип Живојиновиќ веќе го имаат синот Александар, а сега сите ги интересира дали тој ќе има сестра или брат.
Лепа Брена, никогаш не го одвојувала својот посинок од своите синови, а неговиот син го гледа и како свој внук и со нетрпение го очекува второто внуче.
Брена додаде дека чувствува дека е време да се прекине низата на синови во нивното семејство и да се роди едно девојче.
„Јас и Боба бевме на пат кога ни јавија. Морам да признаам дека тоа го очекував, бидејќи е логично и нормално. Нема ништо на овој свет што може да не направи толку среќни како кога чекаме уште еден член во нашето семејство. Секогаш велам дека овде се раѓаат момчиња, но имам впечаток, ми вели интуицијата, дека постои можност да имаме преслатко девојче“, изјави пејачката.