Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден

Познатиот актер од година во година ја собира холивудската елита за својот посебен ден, а ситуацијата не беше поинаква и годинава. Актерот Леонардо ди Каприо во саботата го прослави својот 50-ти роденден во друштво на некои од најпознатите светски ѕвезди.

Ди Каприо одлучи да го прослави својот роденден два дена пред вистинскиот роденден, кој го слави денес, 11 ноември.

Според извори за Page Six, забавата започнала во познатиот ресторан Нобу во Лос Анџелес, каде актерот организирал интимна вечера со блискиот круг на пријатели и семејството.

Меѓу другите, на прославата пристигнаа Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт, Роберт де Ниро, Бред Пит и неговата девојка Инес Де Рамон и Едвард Нортон.

Истата група потоа отишла на забава организирана во луксузна вила во Лос Анџелес, а им се придружиле и други познати гости. Меѓу нив биле и Џејми Фокс, Парис Хилтон, Кети Пери, Орландо Блум и други, како и таткото на Леонардо, Џорџ, маќеата Пеги и мајката Имелин со нејзиниот сопруг Дејвид. Роденденот на актерот заедно со него го прославија неговиот најдобар пријател Тоби Мегваер и девојката на Леонардо, Виторија Серети.

Изворот вели дека гостите ги забавувал диџеј Мил и дека Ди Каприо имал специјална торта. Инаку, Леонардо неодамна се најде во центарот на вниманието поради пријателството со Шон Диди Комбс, раперот кој во септември беше уапсен за рекетирање, трговија со луѓе и злосторства поврзани со проституција. По апсењето на раперот, на социјалните мрежи почна да се шири фотографија од него и Леонард од озлогласената „бела“ забава организирана од Диди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e