Латино дивата Џенифер Лопез повторно со поранешниот сопруг: Многу сум возбудена!

Се чини дека работите помеѓу познатиот пар повторно се вратиле во нормала и сега и тоа како функционираат.

Латино дивата Џенифер Лопез и пејачот Марк Ентони повторно се заедно. Но, сепак не станува збор за обновување на старата љубов, туку за нова музичка соработка. Имено, поранешните сопружници ги здружиле силите во пресрет на објавувањето на новиот албум на шпански јазик.

Џенифер и Марк беа во брак седум години, а плод на нивната љубовна врска се нивните близнаци Макс и Ема. Иако тие се разведоа, сепак останаа во пријателски односи, па Марк сега ќе работи како извршен продуцент на новиот албум на Џенифер Лопез кој ќе излезе следната година.


„Многу сум возбудена и се радувам на тоа што ќе ги прославам своите латински корени заедно со Марк Ентони, и Сони/Магнус семејството“, стои во соопштението на пејачката.

Лопез и Ентони неодамна ја делеа сцената заедно во Radio City Music Hall, непосредно откако Лопез ја прекина својата долгогодишна врска со Каспер Смарт. Инаку, Марк Ентони, како што вели е во среќен брак со Шенон Де Лима.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e