Јелена Карлеуша „удри“ по Теа Таировиќ за посетата на музејот на Тоше Проески, која беше придружувана од медиумите…
Пејачката Јелена Карлеуша е позната како личност која нема влакна на јазикот и често ги споделува своите размислувања со фановите на социјалната мрежа Инстаграм.
Јелена овој пат индиректно го коментираше потегот на нејзината колешка Теа Таировиќ, која вчера заедно со претставници на медиумите го посети музејот на трагично загинатиот пејач Тоше Проески и остро ја осуди.
Имено, Теа дури и се расплака пред новинарите, а сето тоа се случи пред настапот во Македонија. Карлеуша пак тврди дека Теа тоа го направила пред се поради маркетинг.
Лажни солзи, евтина патетика и уште поевтините пејачка во злоупотребата на ликот и делото на покојниот Тоше ја добија најлошата нечовечка и нечесна форма. Дното доби свој подрум. Сигурна сум дека Македонците ќе ги препознаат ваквите ѓубриња и ќе ги наградат со апсолутен бојкот“ – меѓу другото потенцира Јелена Карлеуша во својата Инстаграм објава.