Непосредно пред Нова година, Калиопи го објави својот нов спот за песната „Дај, дај ми дај“, сингл што е дел од новиот албум „Албум“.
„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната ‘Дај, дај ми дај’ нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме“, изјави Калиопи пред подготовките за нејзината регионална турнеја.
Музика: Ромео Грилл; Текст: Калиопи; Аранжман: Ромео Грилл; Продукција: Ромео Грилл; Видеозапис: Мелем продукција