Гоца Тржан со години молчеше за обидот за силување

Гоца Тржан откри дека во младоста нејзин близок пријател ја искористил нејзината доверба и се обидел да има сексуални односи со неа без нејзина согласност.

Гоца Тржан тогаш не го пријавила обидот за злоупотреба, но сепак сака да ги охрабри сите кои доживеале каква било форма на насилство да не молчат како таа.

Јас и мојот пријател бевме многу блиски, имав неограничена доверба во него, а тој го искористи тоа. Не ни сонував дека некогаш ќе се обиде да ми наштети и да ме принуди на секс. Сакав само да го заборавам тој пекол, па молчев. Не го пријавив бидејќи се плашев од осудата на оние околу мене: „Што правеше таа со него? Мислам дека и денес жртвите молчат од истата причина – раскажа пејачката за медиумите.

Гоца ги советуваше сите девојки, но и жени, внимателно да ги избираат своите пријатели и партнери.

Треба да ги научиме девојките да бидат опкружени со мажи на кои во секое време можат да им кажат „не“ и да бидат сигурни дека некој ќе ги слушне. Кога влегуваат во врска, треба да внимаваат како дечкото се однесува со луѓето околу него, во сообраќајот… Ако кај него има некакви индикации за насилничко однесување, тоа значи дека ваквото однесување нема да ве заобиколи ниту вас – заклучила пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e