Георгина Родригез позираше гола за новата кампања на „Guess“

Георгина Родригез е заштитно лице на новата кампања „Guess“ „Holiday 2024“. Партнерката на Кристијано Роналдо му позираше на познатиот фотограф Нима Бената носејќи голем број комбинации, но најголемо внимание привлече фотографијата на која е целосно гола, а телото ѝ е покриено само со чанти.
f

„Бев воодушевена кога „Guess“ побара да бидам заштитно лице на кампањата „Holiday“. Одлично е да се работи со нив“, изјави Георгина.


Таа и минатата недела во Париз го привлече вниманието со својот изглед. Георгина присуствуваше на модната ревија на Ветеменс за пролет/лето 2025 година. Нејзиниот избор на фустан за овој настан предизвика многу реакции. И додека некои ја пофалија и рекоа дека „изгледа како божица“, други не беа толку ентузијасти.

„Навистина ја сакам, но овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже своето тело и ништо друго“, „Ужасна облека, косата и изгледа валкано“, напишаа фановите. Имаше и коментари во нејзина одбрана, како: „Само сте љубоморни“.

Покрај тоа што е позната како партнерка на познатиот и успешен фудбалер Роналдо, Георгина се прослави и во телевизиската реалити серија „Soy Georginа“, која се фокусира на нејзиниот приватен живот. Серијата беше премиерно прикажана на 27 јануари 2022 година на Нетфликс, а третата сезона е објавена пред некое време.

Првата сезона на нејзиното шоу собори рекорди на гледаност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e