(ФОТО) Сузана Манчиќ задутре полни 68 години – еве како ќе го прослави роденденот!

Сузана Манчиќ за медиумите изјави дека едвај го чека роденденот, како и патувањето кое и го договорил сопругот.

Синоќа во Белград се одржа настан кој собра бројни познати личности, а меѓу првите се појави и водителката и пејачка Сузана Манчиќ.

По тој повод Сузана за насобраните медиуми изјави дека е една од ретките жени на кои и треба само половина час да се подготви.


Ми требаше половина час да се подготвам. Обично се подготвувам многу брзо и мислам дека затоа секој господин кој беше во врска со мене беше изненаден и среќен. И мојата работа е таква. Знам сама да се шминкам и да си ја изберам гардеробата. Дремнав попладне, затоа изгледам сега многу свежо“ – изјави Сузана, а потоа откри дека најголемите критичари и се ќерките:

„И Наталија и Теодора ми даваат совет секогаш кога ќе побарам од нив. Ги здружија силите и сега двете ме критикуваат. Наталија дури ми рече дека треба да го сменам начинот на шминкање, вели дека шминката ми е силна, што и го направив“.

„Лото девојката“ денеска го слави празникот Свети Архангел Михаил, а ден по славата, на водителката и е роденден, а таа сега откри што добила од сопругот како подарок.
Подготвена сум за роденден, имам 68 години. Во оваа прилика маж ми ме носи во Амстердам, па таму ќе поминеме продолжен викенд. Се надевам дека ќе биде убаво“ – рече таа, а потоа призна која е нејзината најголема желба во моментов:

Оваа година навршувам 50 години од мојата кариера и би сакала да ја одбележам со нова песна. Што се однесува до мојата дискографија, малку ме фати мрза, но ја имам ќерката Теодора која ме „турка“ – изјави Манчиќ за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e