Зарем можеше поинаку?
Во неделата вечер, 18 септември, се одржа 68-то доделување на Еми наградите. Популарната HBO серија “Игра на троновите”, го собори рекордот со најмногу награди во една година, дури 12.
Пред две вечери, и во Лос Анџелес зедоа награди за најдобра режија во драмска серија за епизодата “Battle of Bastards”, најдобро сценарио во драмска серија за епизодата “Battle of Bastards”, и најважната награда за најдобра драмска серија.
Но, тоа не е се, шоуто со најмногу награди Saturday Night Live, има 45 награди во четири децении емитување, а “Игра на троновите” засега има 38. Доколку следните две сезони се многу добри (а ние не се сомневаме), можеби круната ќе отиде во Вестерос.
За поврзани вести продолжете надолу