Магазинот „Пипл“ секоја година го избира најсексапилниот маж на светот. Оваа година титулата ја освои актерот и режисер Џон Красински (45).
Актерот беше прогласен во шоуто на Стивен Колберт „Лејт шоу“ (The Late Show). Кога водителот го прашал колку долго знаел дека е најсекси маж на светот, Џон ги насмеа гледачите велејќи: „Знам веќе пет минути. Сè уште мислам дека ова е шега“.
Актерот во интервјуто откри дека од кариерата поважно му е да биде сопруг и татко. Тој ужива во документарците на Нетфликс и приказните пред спиење за неговите деца. Тој живее во Бруклин со сопругата, актерката Емили Блант (41) и нивните ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).
Џон вели дека Емили била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури се пошегува пред објавата на „Пипл“ дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, ќе ја излепи куќата со насловни страни од магазинот „Пипл“.
Красински и во овие моменти нагласува колку ја сака Емили. “Убаво е кога си во брак со некого, постојано учиш, се менуваш и се развиваш. Многу сум среќен што поминувам низ сето тоа со неа”, рекол тој. Сепак, тој вели дека титулата за најсекси маж на светот нема ништо да му промени во животот.
„Мислам дека Емили само ќе ме натера да извршувам повеќе домашни работи. Откако ова ќе излезе во јавност, таа ќе биде како: ‘Во ред, тоа значи дека навистина ќе мора да ја заработиш таа титула дома’“, вели Крас