Цеца блесна во бело: Крајно време е да се мажам

Пејачката Цеца Ражнатовиќ стана многу активна на социјалната мрежа ТикТок.

Таа редовно ги смее своите следбеници со забавни и хумористични видеа, а видеото кое сега го сподели предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Цеца неодамна одржа концерт во Бугарија, таа вечер блесна во блескав бел фустан со голи раменици и длабоко длабоко деколте. Целата комбинација ја заокружила со омилените чевли на високи потпетици кои ги добила од ќерката Анастасија.

Во видеото кое го сподели на TикTок, се подготвува за настап и ги носи токму тие чевли.

@cecaraznatovicoff Moje omiljene, najudobnije cipele 👠 @stevansrules kao i uvek, oduševljen! 😂👆🏽 #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkan #4you #serbia ♬ original sound – CECA

– Сега Стефан ќе биде воодушевен. Та на на на. Види колку се убави, ти си човек без вкус – рече Цеца и извади чевли од чантата.

– Воопшто не ми е смешно. Мислам дека дојде вистинското време… – рече нејзиниот фризер, а Цеца го прекина.

– Да се омажам! – рече таа низ смеа.

– Во тие чевли? Сигурно нема да се вклопиш во нив – додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e