Бразилската убавица бремена по трет пат на 44 години

Бразилскиот супермодел, актерка и писателка Жизел Бундхен очекува дете од своето момче, тренерот за џиу-џицу, Хоаким Валенте, пишува TMZ.

44-годишната ѕвезда на светските модни подиуми повеќе не може да ја крие бременоста. Извори блиски до ѕвездата потврдија дека таа е бремена.

„Периодот е приближно 5-6 месеци. Жизел и Хоаким се среќни поради ова ново поглавје во нивните животи и со нетрпение ја очекуваат можноста да создадат мирна и љубовна атмосфера за целото семејство“, рече инсајдерот.

Познатата манекенка има две деца од бракот со 47-годишниот американски рагбист Том Брејди: 14-годишниот син Бенџамин и 11-годишната ќерка Вивијан. Двојката се разведе во 2022 година по 13 години брак.

Според новинарите, Жизел им кажала на Том и нивните две деца дека е бремена со Валенте, уште пред оваа вест да стане позната во јавноста. Покрај тоа, таа дури и го запознала својот љубовник со своите деца.

Познато е дека Жизел се запознала со професионалниот тренер по џиу-џицу, Хоаким Валенте во декември 2021 година. Жизел барала тренер за својот син, а потоа и таа решила да се занимава со овој спорт. 37-годишниот Хоаким поседува клуб во Мајами заедно со неговите браќа Педро и Гај Валенте. По разводот со сопругот Том Брејди, Бундхен почна се почесто да се забележува во друштво на спортистот, а сега се на пат да создадат свое семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e