Бомба и на 59 години – Машкиот магазин „Максим“ ја прогласи за најзгодна жена

Елизабет Харли (59) со децении ја носи титулата секс симбол, а сега е прогласена за најзгодна жена на светот од престижниот магазин „Максим“.

На нивната листа на 100 најсекси жени во светот, британската ѕвезда го зазеде убедливото прво место и со тоа го задржа статусот на една од најпосакуваните и најубавите жени во светот.

Актерката, модел и продуцент има 59 години, а на нејзиниот младешки изглед ѝ се восхитуваат двојно помладите жени. Таа останува доследна на нејзиниот имиџ, ја обожава својата мала фарма и сопствените производи благодарение на кои одржува беспрекорна линија, има препознатлива насмевка и редовно потсетува колку е фатална.

Елизабет заплива и во светот на модата, лансирајќи ја својата линија костими за капење, а од година во година е се подобар модел и најдобра реклама за себе. Таа редовно ги честува нејзините обожаватели со фотографии во модели од колекцијата на Елизабет Харли Бич.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e