Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад…
Страшната несреќа што се случи вчера, 1 ноември, во Нови Сад, кога се урна стариот дел од настрешницата на железничката станица и однесе 14 животи, длабоко ја потресе Србија. Многу јавни личности изразија сочувство до семејствата на загинатите, а Марија Шерифовиќ реши да го откаже концертот во Скопје.
– Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа“ – рече Марија.
– Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење“ – рече на работ на солзи Марија Шерифовиќ.