„Снегови“, е најнова песна на Александар Тарабунов, која ја смета за најискрената композиција во мојата досегашна кариера.
„Оваа песна претставува не само дел од мојата уметничка душа, туку и најава за возбудливи проекти што допрва доаѓаат. Новиот и вистинскиот јас.
Како комплетен автор на „Снегови“, горд сум што токму на најголемиот христијански празник – Божиќ, оваа песна ја пуштив во етер, носејќи ја топлината и магијата на празничниот дух до сите вас,“ вели Тарабунов.