Вицепремиерот Николовски е негативен на Ковид-19

Откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека има благи симптоми, речиси сите функционери кои биле во контакт со него направија тестови за присуство на вирусот.
Вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски соопшти дека неговиот тест е негативен.

„За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето.Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен.
Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот.“ – порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e