Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
