Тамара Тодевска со светски спот и моќна женска химна – Претставена „Кукла жива“

Тамара Тодевска го претстави новиот сингл „Кукла жива“, песна која ја отвора вратата кон нејзиниот нов музички проект и најавува поинакво, поинтимно поглавје во нејзината кариера.

Станува збор за насловната композиција од претстојниот албум „Кукла жива“, зад која како автори се потпишуваат Тамара Тодевска и Коста Петров. Аранжманот и продукцијата се дело на Емин Џијан, додека видеозаписот го реализираа Мартин Трајановски и „Takat Studios“.

Песната носи силна емотивна порака и е инспирирана од искуствата што Тамара ги стекнала низ годините како јавна личност. Преку стиховите таа зборува за осудите, предрасудите и притисоците со кои се соочуваат луѓето кога се обидуваат да останат верни на сопствениот идентитет.

„Кукла жива е песна на мојот живот. Истовремено е моќна и автентична, силна и суптилна. Но ова не е само мојата приказна. Верувам дека во неа ќе се препознаат многу девојки, жени, па и мажи кои се соочуваат со наметнати стандарди за успех и прифатливост. Песната ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон една нова ера“, вели Тамара Тодевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e