Две лица уапсени на Деве Баир, прикажале фалц карти

На 11.06.2026 во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција.

При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките.

Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e