Спасовски: Јанкулоска експресно беше спроведена во затворот „Идризово“ по наредба од судијата за извршување санкции

На поранешната министерка Гордана Јанкуловска од човечки аспект и бил оставен простор од околу половина час, за да се подготви и да се поздрави со семејството, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

„Ако акцијата за спроведување на Јанкулоска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа. Постапката беше врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд и така беше спроведена во затворот „Идризово“. Наредната гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите“, одговори Спасовски на прашањето поставено од новинарот за тоа од каде таа експресна реакција на полицијата за приведувањето на Јанкуловска, која беше изненадувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e