Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 18:10 часот го лишиле од слобода Д.Ј. (31) од Крива Паланка, откако агресивно се однесувал и им упатувал закани на своите родители.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
