Сопружници со нож го убиле докторот пред поликлиниката „Железара“

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека, по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи, е расчистено убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година во скопската населба Автокоманда.

Според обвинителството, 65-годишен маж е осомничен за кривичното дело „Убиство“, додека неговата 59-годишна сопруга се сомничи за помагање при извршување на кривичното дело.

Истрагата покажала дека на 21 март 2024 година, осомничената претходно договорила средба со жртвата на паркинг во Автокоманда. Кратко откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија извадил нож и му нанел девет убодни рани во пределот на градите и телото, од кои жртвата починала.

Потоа, според Јавното обвинителство, сопружниците заедно го преместиле телото во возилото. Осомничениот го одвезол автомобилот до паркингот кај Поликлиниката „Железара“, каде што го оставил телото на возачкото седиште, додека осомничената ги избришала трагите од возилото, по што двајцата го напуштиле местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e