Турчин уапсен на “Девe Баир“

На 15.07.2026 во 00:20 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Ј.(45) од Турција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, со кое тој допатувал. По документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e