54-годишен државјанин на Македонија е уапсен во Хрватска под сомнение за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија.
Според полицијата во Пула, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот наутро на брод во Медулин. Осомничениот, како што се наведува, со нож замавнал кон главата и стомакот на другото лице.
Нападнатиот успеал да се одбрани со кревање на раката, при што се здобил со полесна повреда. По завршената истрага, осомничениот е приведен во притворската единица на Полициската управа на Истра.
