РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ! Од денес на електричен тротинет само полнолетни

Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети.

Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото. Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува. Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.

За дел од прекршоците, покрај паричните казни, предвидено е и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена. Кога прекршок ќе стори дете, одговорноста ја сносат неговите родители или старатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e