ДИЗЕЛОТ ПОСКАП ЗА 5,5 ДЕНАРИ – Ова е новиот ценовник на Регулаторна

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 88,00 ден/лит, соопшти РКЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e