Николовски со најнова вест: Распишуваме два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Дополнителни 3.769 хектари ставаме на располагање за земјоделците, распишуваме два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари.

Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна за период до 15 години.

Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години.

И во време на светска криза продолжуваме да креираме успешни и ефикасни мерки, ја ставаме секоја педа земјоделско обработливо земјиште во рацете на вистинските земјоделци.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – министер за земјоделство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e