Јанчев организира протест против Мицкоски пред белата палата

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го повика членството на протест против лидерот на партијата Христијан Мицкоски во понеделник, зашто тој и покрај изборните порази во серија, не сака да си даде оставка.

Откако Јанчев го напиша повикот на Фејсбук профилот, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов објави дека ќе му направи контрапротест, со членови од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе!“, напиша Пандов.

Јанчев го организира протестот на платото пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во 19 часот.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e