Обид за силување на уште едно малолетно девојче

Речиси секојдневно се пријавуваат вакви случаи.
Полициски службеници на СВР Тетово, денеска (13 април), околу 12.50 часот, на улицата Илинденска во Тетово, го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец В. Л., кој половина час пред тоа бил пријавен од 34-годишен тетовец дека вчеравечер (12 април) се обидел да изврши обљуба врз малолетната ќерка на пријавителот.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e