Петмина повредени во судир на комбе и автомобил на автопатот Тетово–Скопје

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“.
Несреќата предизвика голем застој и долги колони возила на автопатот. На местото на настанот се врши увид, по што ќе се утврдат причините за судирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e