Димитровски се поврзува со спорот околу користењето на локалитетот „Куклица“ во Кратово, е осомничен дека со камења нападнал даночни контролори кои дошле да извршат инспекција.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Според обвинителството, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, осомничениот спречил двајца даночни контролори да извршат службена контрола поврзана со претходно поставена привремена забрана за вршење дејност.
При тоа, тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, по што тие го напуштиле локалитетот.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
