6 лица повредени во сообраќајка кај Сити Мол

На 14.04.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „алфа ромео“, М.К.(21) и К.М.(18), двете од Скопје, додека двајцата возачи и сопатниците од возилото „тојота“ Љ.Ј.(62) и Р.Ј.(34) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e