Путин: Мислам дека руската вакцина е најдобрата во светот

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека руската вакцина против коронавирус е најдобрата во светот.

На состанокот преку видеоконференција со членовите на владата, Путин посочи дека предностите на руската вакцина се очигледни и дека тие се потврдени во пракса, пренесува TАСС.

„Сега тоа е сосем очигледно, а тоа го покажува и примената во пракса и мислам дека руската вакцина е најдобрата во светот“, рече Путин.

Според него, ниеден друг сличен препарат не покажува такво ниво на заштита и безбедност како руската вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e