НАСА: Објектот што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денеска астрономите на НАСА.

Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од Пасадена во Калифорнија.

Кога беше откриен во септември, се веруваше дека објектот е астероид, меѓутоа, еден од главните експерти на НАСА, Пол Чодас, брзо се посомнева дека станува збор за ракета Кентаур од мисијата Сарвејор 2 (Surveyor 2), која беше прогласена за неуспешна во 1966 година, откако не успеа да слета на Месечината.

Кентаурот е долг десет метри и со пречник од три метри.

Тврдењето на Чодас се покажа како точно кога тим од Универзитетот во Аризона, предводен од Вишну Реди, користеше инфрацрвен телескоп од Хаваи за да го разгледа мистериозниот предмет и да види дека станува збор за Кентаур од мисијата во 1971 година.

Кентаурот орбитира околу 50.000 километри од земјата, ќе ја напушти орбитата во март и ќе се врати да кружи околу Сонцето, а неговото следно враќање се предвидува во 2036 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e