Можен договор за Брегзит во последен момент?

Министрите на ЕУ треба да добијат нови информации на состанокот во Луксембург за тоа како се водат разговорите за Брегзит од Мишел Барние, главен европски преговарач, дознава Би-Би-Си. Дискусиите меѓу претставниците на ЕУ и Велика Британија за постигнување договор за Брегзит се интензивираа последниве денови, по состанокот меѓу британскиот и ирскиот премиер за време на викендот.

Сепак, Барние рече дека сè уште постои „голема разлика“ меѓу Велика Британија и Европската унија, при што премиерот на ЕУ, Финскиот премиер Анти Рине изјави дека нема доволно време за да се постигне договор. Лондон, од друга страна, бара да се постигне напредок, преговарачите да работат интензивно и дека е можно да се постигне договор во последен момент.

Продолжувањето на разговорите во Брисел се очекува да се одржи во среда, бидејќи потребно е поцелосно ажурирање на предлогот, тврдат извори од „Даунинг стрит“.

Како и да е, Би-Би-Си проценува дека најверојатно нема да биде договорен нов договор до четврток, кога во Брисел започнува круцијалниот дводневен самит на лидерите на ЕУ. Исто така, постојат шпекулации за можен нов самит за „Брегзит“ на крајот на месецот.

Дводневниот самит на ЕУ е клучен бидејќи премиерот Борис Џонсон мора да добие нов договор до сабота ако сака да избегне одложување на „Брегзит“.

Во сабота ќе се одржи итна седница на британскиот парламент, прва во последните 37 години, на која пратениците ќе можат да го поддржат или отфрлат евентуалниот договор или Премиерот ќе мора да побара уште едно одложување на „Брегзит“.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 31 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e