Пожарот кај Крива Паланка е под контрола, останатите 25 се изгаснати

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците, ниту еден од пожарите во моментов не е активен. Еден пожар е ставен под контрола, додека преостанатите 25 се целосно изгаснати.

Под контрола останува пожарот на излезот од Крива Паланка, во близина на депонијата. Сите останати регистрирани пожари се локализирани и изгаснати.

Од ЦУК велат дека изгаснати се пожари во повеќе региони низ земјата.

Во Скопскиот Регион пожарникарите интервенирале во општините Аеродром, Сарај, Петровец, Карпош и Кисела Вода каде гореле дрва, ниска вегетација и ѓубре.

Изгаснати се пожарите и во Новаци, Прилеп, Ресен, Струга и Кичево каде гореле ниска вегетација, депонија и стрништа.

Од ЦУК велат дека изгаснати се и пожарите во Босилово, Струмица и Кочани, како и во Старо Нагоричане, Куманово, Гостивар, Теарце и Тетово.

И во овие делови најчесто се интервенирало на запалена ниска вегетација, стрништа, ѓубре и диви депонии, а во неколку случаи биле зафатени и патнички возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e