Кипар ќе им ги плати сите трошоци за одмор на туристите ако заболат од корона

Од Кипар порачуваат дека ќе му ги покријат трошоците за одмор во таа земја за секој што е позитивен за коронавирус по посетата.
Според ББС, владата денес објавила писмо во кое се вели дека во овој случај ќе ги покрие трошоците за сместување, лековите и храната на пациентите и нивните семејства.

Туристите ќе треба да плаќаат само за авионските билети кон Кипар и билети за летот дома.

Тоа е пакет мерки со кои Кипар се обидува да привлече посетители на островот во кој имало 939 случаи на коронавирус и 17 смртни случаи.

Туризмот учествува со околу 15 проценти од БДП на земјата, така што владата се надева на туристите што е можно поскоро.

„Влијанието на вирусот е огромно, ние се обидуваме да го направиме најдоброто што можеме за остатокот од сезоната“, рече заменик-министерот за туризам Савас Пердиос, кој додаде дека вложиле вонредни напори за спречување на вирусот.

Официјалните лица исто така велат дека ќе биде отоврена болница со 100 кревети за сите туристи кои би се разболеле на Кипар, како и неколку хотели кои ќе служат како карантин за семејствата на заболените.

Кипар планира да ги отвори аеродромите за земјите со низок ризик како Германија, Израел и Малта на 9-ти јуни. Ќе се отвори и за Русија и за Велика Британија во јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e