Зошто Владимир Ѓорчев кажува толку невистини околу вакцините и короната

Во политиката изјавите многу често се работ на вистината. Тие знаат да кокетираат со фактите, со вистинските податоци за одредени настани, за политичкииот правец на развојот, но некогаш се еклатантни примери за лажни вести. Но не секогаш лажните вести носат придобивки за оној што ги кажува.

Така е со денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев, сега секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, а до јули речиси незаменлив пратеник на партијата. Дали постојаната навика да дава податоци кои не се во графата вистинити, дали поради внатрешното раслојување во партијата и најавата за два конгреса – еден вонреден и еден редовен, Ѓорчев по подолго време се појави за да каже која е страната што веројатно ја одбрал и при тоа да здипли повеќе невистини. Или како што со модерен речник сега се нарекува – лажни вести.

Неговите тврдења за бројот на починатите од Ковид-19 и нивното ставање на светската ранг-листа, како и за вакцинирањето во светот, требаше да го амортизираат настанот на снежното, студентото и ветровито Табановце, каде српскиот претседател Александар Вучиќ му ја предаде првата пратка од 4.680 вакцини на „Фајзер“ на премиерот Зоран Заев. Кога пред неколку дена се одложи испораката за овие вакцини, тоа беше причина за одредено „славје“ во ВМРО-ДПМНЕ за да се докаже „неуспешноста и неспособноста на оваа власт“ во ваква голема криза. Кога, најпосле, вакцините стигнаа, настанот и гестот на Белград требаше да се потцени и да се омаловажи соседот, и со зборовите на Ѓорчев – „пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции и економија од Македонија“ – јавноста да се потсети на „славните“ времиња на Никола Груевски. Па уште да каже дека „со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија“. Дали тоа беше милостина? Или помош на пријател и сосед, како што јасно изјави Вучиќ.

Владимир Ѓорчев вели дека „мора да има одговорност за овој дебакл и фијаско“ во однос за здравјето на населението. Но каква одговорност треба да има кога политичари изнесуваат лажни податоци за состојбата со пандемијата во државата и се обидуваат да го вознемират населението.
Целата колумна на Љупчо Поповски за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e