Зиков: И по 100 години од Версај исто…

Ставот на Франција ми е познат, од историјата пред, за време на првата светска војна, и по завршувањето на првата светска војна (Версај)…и посебно од времето на Никола Саркози кога тој отворено порача дека Франција е на страната на Грција во спорот со Македонија. Затоа што имал грчки корени (дедо му и татко му биле од солунско) и Грците издале некоја книга за него… Многу ефтино! – констатира Љупчо Зиков.

Тогаш јас во колумна му понудив на Саркози да бидам продуцент на модна ревија во која главна ќе биде неговата сопруга Карла Бруни…Потоа од француската амбасада ме викнаа на вечера да ме пејат (амбасадорот Валери кој подоцна стана потпарол во кабинетот на Саркози)… – вели тој во својата објава.

За жал, овој пат искрено немам многу материјал да понудам за модна ревија, ќе ме разберет, но ова што го прави Макрон на Македонија, повторувам само на Македонија е насочено, фокусирана деструктивна политика…во корист на ДРУГИ БАЛКАНСКИ ГЕОПОЛИТИКИ северно од нас…

Немам што друго да кажам освен срамота Францијо…СРАМОТА!

 

Макрон ги меша картите, не во Македонија…туку на Балканот. Ова е став без трошка одговорност за овој простор, и по 100 години од Версај исто…

Континуитет… Не била Грција проблемот! Овде се игра друга игра… – завршува Зиков.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e