Зекири: Ќе работиме не 24 часа туку и 24 месеци непрекинато, криминалците нема да се спасат

Синоќа собраниската расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година траеше  до 3 часот изутрина. Пратениците на опозицијата на чело со Владанка Авировиќ бараа да се има усул и седниците да не траат до толку доцна. Спикерот Џафери пак одговори дека се додека има потреба седницата ќе се оддржува во било кое време, алудирајки на паузите кои 10-те пратенички групи ги бараат во текот на денот.

Со свој Фејсбукс статус во врска со ова се јави и пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири.

Еве што тој напиша: 

Собранието продолжува со работа во 1 часот по полноќ.

Ќе работиме не 24 часа, не 24 денови и недели туку и 24 месеци непрекинато, нека им е јасно на криминалците дека нема да се спасат. Ќе одговараат за сите злодела што ги направиле во изминатите 10 години!!
#ЌеСиЛежите

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e