Зекири: Ја вративме слободата во секоја пора во општеството

“СДСМ постојано се менува и во овие четири години има направени многу кадровски освежувања што не е својствено за останатите партии кај нас”- вели генералниот секретар на Владата и поранешен потпретседател на владејачката партија, Мухамед Зекири во разговор за „Локално“.

-СДСМ не само што ги донесе големите промени во земјава и ја придвижи кон евроинтеграциите, туку очигледни се промените и во секојдневниот живот во земјава, вклучувајки ја и најголемата придобивка – слободата, која ја донесе во секоја пора во нашето општество, вели Зекири.
Во однос на прашањето дали СДСМ е поделена партија и како ги коментира снимките кои излегоа во јавноста, во кои се слуша гласот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска како изразува незадоволство од одредени политики, тој вели дека во партијата „има и единство има и различни ставови на членството, вклучувајќи го и раководството на партијата“.

–И тоа е здраво за една партија, уверува поранешниот потпретседател на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e