Заврши ли малтретирањето на Македонија

Најголемото малтретирање на Македонија е во Македонија, во меѓусебните партиски, парламентарни, политички, интелектуални, патриотски, националистички, криминално олигархиски и медиумски пресметки меѓу Македонците.

Убаво, мошне убаво, охрабрувачки и оптимистички прозвучи оценката на Џејмс Пардју поранешниот американски амбасадор во Бугарија и креаторот на Охридскиот договор искажана во интервју за Дојче Веле на бугарски јазик дека „заврши времето на малтретирањето на Македонија.“

Навистина, крајно време е по сите блокади и притисоци да почне непречено остварувањето на клучните реформи кои Македонија ќе ја донесат до целта да биде членка на Европската унија. Но, заложбите на Пердју се однесуваат на малтретирањето од нашите соседи и на нерешителноста и индиферентноста на влијателните членки на Европската унија, а не на блокадите внатре во земјата.

Или кажано поедноставно, најголемите пречки се кај нас дома во сопствената куќа. Е, тука никој не може да ни помогне, ни Америка, ни Европа, ни Господ. Дури и кога би се нашло прифатливо решение со Софија како со Атина тоа кај нас веднаш ќе се прогласи за национална катастрофа, распродажба на националните интереси, предавство, понижување, изгубен идентитет, избришано минато, оспорена историја, јазик и сите посебности на македонскиот народ. Тоа веќе и го направивме превентивно за секој случај евентуално да не се постигне заеднички прифатлив договор.

Политичките противници се мразат меѓу себе

Најголемото малтретирање на Македонија е во Македонија, во меѓусебните партиски, парламентарни, политички, интелектуални, патриотски, националистички, криминално олигархиски и медиумски пресметки меѓу Македонците. Не заостануваат и Албанците кои војуваат на два фронта, еден меѓу себе во битките за власт ни малку различен од Македонците и уште еден за тоа кој е вистинскиот борец за вечно загрозените права на Албанците во Македонија. Што поголем радикализам во барањето права, толку повеќе шанси за изборни победи.

Не постои ниту едно прашање од државен и национален интерес за кое може да се најде заеднички јазик. Политичките противници во Македонија се мразат меѓу себе. Нивната нетрпеливост и кога имаат исти ставови е лесно пренослива и леплива кај огромното мнозинство граѓани. Тоа е најголемата хипотека без покритие врз оваа кутра држава.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e