Заев помеѓу стоицизмот кон Бугарија и мудроста кон ЕУ

Од страна на европските сојузници советуваат дека треба да се биде мудар, умерен, конструктивен, флексибилен и соработлив со Бугарија. Дали Заев и натаму треба да го носи костумот на стоицизмот и мудро да ги преболува божјите каприци и неправди што пристига од страна на нашите источни браќа, а богами и од Брисел? Разбирливо, тоа е многу тешка ролја. Доволно е да се прочитаат критиките на социјалните мрежи за „предавството“ на Заев или оние на опозицијата за „скандалозното интервју“ за Бгнес, за да се поими нелагодната позиција на Заев. Заев е должен да покаже монашки аксетизам кон сите критики и бласфеми од страна на бугарското ВМРО, домашното ВМРО-ДПМНЕ, но и неговите. Доколку настојува да остане принципиелен на досегашната политика не смее да прифаќа расправии, реваншизми, навреди или да отвара нови теми за конфронтација. Дали е во состојба да биде и стоик, и космополит, и политички мудар, и агностик кон историјата, јазикот, нацијата и другите горливи теми. Во внатрешната политика покажа карактер, и што е најбитно докажа дека оној што е водач на народот треба пред сѐ да е човек, а не господ.
Целата колумна на Нано Ружин за Независен на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e