Забрчанец: Дали ВМРО-ДПМНЕ се единствените на кои им пречи борбата против лажни вести?

На ВМРО-ДПМНЕ им смета борбата против лажните вести. Лично се засегнати, зашто граѓаните сѐ повеќе се противат на паранојата што ја шират, не им прифаќаат лаги и стравови за “бугарски кран што урива споменици”, за “100.000 бегалци кои ќе ја населеле земјата” и за “избришана химна од учебниците”.

Доста е од лагите од фамозниот Центар.

До толку се вознемирија што почнаа да прашуваат, замислете, дали стратегијата против лажни вести ќе се однесувала и на СДСМ?!

Несвесни дека со тоа признаа дека тие се дежурни продуценти на лажни вести, побрзаа да прашаат дали освен нив и некој друг ќе бил засегнат од борбата против лажните вести.

Одговорот е јасен и повеќе пати кажан: “Борбата со лажните вести во нашата земја е автентична и сеопфатна и не прави разлика по политичка, партиска или каква било друга припадност.”

Дали ВМРО-ДПМНЕ се единствените на кои им пречи борбата против лажни вести?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e