“ЗАБЕГАВТЕ СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ, ВЕ НАДВЛАДЕА ЗЛОБАТА” Лекција за сите дежурни критичари во Кр.Паланка

За првпат посакувам Вмро Дпмне да дојде на локална власт во Кр.Паланка.
Реално, членовите и симпатизерите на СДСМ не заслужуваат подобро.
Треба да го загубите ова локално раководство со се градоначалникот, за да ја научите лекцијата.
Забегавте со вашите лични интереси, забегавте, ве навладеа злобата, љубомората, и алчноста.
Се, ама баш СЕ сведовте на лични интереси, додека некој здравјето го изгуби заради вас.” – напиша на Фејсбук Тони Ивановски, претседател на Месен Одбор 15 на СДСМ, Крива Паланка.
IMG_6670
Ивановски, својот револт кон одредени лица кои се дежурни критичари за се и сешто, и на кои колку и да им се помогне секогаш им е малку, во наредниот Фејсбук статус го напиша следното:

На пола град ви е матичен доктор, вратите по Скопските болници и институции ви се ширум отворени, само ради него.

Кога зашкрипи и ви е тешко и во сред ноќ го најдете, кога се ви иде као што треба 100 етикети и афери ќе му измислите.
Политичкиот рејтинг на Бихачка заради Паланчани го изгуби.
Не бе другари, НЕ, Љупчо Николовски нема да биде губитникот као што вие мислите.
На крајот на денот, ние, вие, Паланка ќе изгуби многу без него, ама треба да се има срце душа и капацитет да се увиди тоа, а многумина немат ништо од тоа за жал!!!” – додава тој.
IMG_6669
Дали ова ќе го разберат тие кои треба да се замислат, како беше во не толку дамнешно време, кога во Скопје никој никого не примаше на разговор, кога се дремеше по ходници, кога целиот североисток беше запоставен и без никаков крупен проект, во споредба со последните некоку години кога со душа и срце се работи за овој регион и се даваат надчовечки сили да се помогне на секој граѓанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e