ЈП „Комуналец“ Крива Паланка со нов контакт за пријава на дефекти по 15 часот
ЈП „Комуналец“ Крива Паланка ги информира граѓаните дека доколку не успеат да добијат контакт со Секторот за водовод и канализација за пријава на дефект, недостаток на вода или поплака, можат да се обратат директно кај лицето за контакт на резервоарот.
Од претпријатието посочуваат дека оваа можност е достапна и по 15 часот, на телефонскиот број 075/233-675.
Од „Комуналец“ им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.
